Објавено на:

Македонија повторно изгуби од Словенија

t

Македонската женска репрезентација вечерва загуби од селекцијата на Словенија со 27:20 во четвртиот свој натпревар од EHF EURO CUP. За „црвено-жолтите“ ова е четврти пораз во групата и втор последователен од словенечката репрезентација.

Натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ имаше две различни полувремеиња. Во првите 30 минути, Македонките прикажаа добра игра и до пред паузата имаа 11:11, за на полувреме да се отиде со 13:11 за Словенките.

Во вториот дел, гостинките беа многу подобри и заслужено стигнаа до победата.

Најефикасна во македонскиот национален тим беше Сара Ристовска со седум голови. Кај Словенките се истакна Ана Грос исто така со седум погодоци.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во април против Норвешка ќе ги одиграат последните два натпревара од Евро Купот.

На табелата води Норвешка со 8 бода, Словенија и Црна Гора имаат по 4, Македонија е последна без освоен бод. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпол спроведе голема меѓународна акција: уапсени 65…

Во голема меѓународна операција за гранични проверки,…

Словенија забрани истакнување палестински и ЛГБТ-знамиња на…

Парламентот на Словенија забрани јавните институции да…

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…