Македонија повторно профитираше од наследството на Груевски: Компаниите во ТИРЗ лани достигнале рекорден извоз од три милијарди евра

t

Од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони соопштија дека е достигнато ниво на извоз од три милијарди евра во ТИРЗ.

Првичните анализи покажуваат дека ја достигнавме границата од три милијарди евра извоз. Ова е за 15 отсто повеќе споредено со 2020 година и за 6,5 проценти повеќе од 2019 година која досега беше рекордна извозна година. Ова покажува дека економијата во рамки на зоните, но и во државата е во добар правец. Очекувам трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што дел од компаниите со кои потпишавме договори годинава веќе ќе почнат со производство и работа, така што очекувам и сегашното рекордно ниво веќе во 2022 да биде надминато. Со новиот концепт и паметниот пристап што го применуваме една година, успеавме да поттикнеме константен раст на компаниите активни во зоните и конкретни резултатииизјави директорот – Јован Деспотовски.

Според него, тоа значи и стабилен број на работни места и континуиран раст на плати и уплати во државната каса.

Досега највисок регистриран извоз во ТИРЗ беше во 2019 година и изнесуваше 2,796 милијарди евра.

ТИРЗ изготви и анализа на ефектите од странските вложувања во технолошко индустриските развојни зони во изминатите 10 години која покажува дека сите компании кои се активни во зоните оствариле континуиран раст во изминатава декада и постојано растат и во однос на бројот на работни места, платите и уплатите во Буџетот на државата.

Вкупните приходи на компаниите во ТИРЗ во анализираниот период 2010-2020, достигнуваат 875 милијарди денари и бележат просечен годишен пораст од 16 отсто, а Буџетот на државата во овој период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ.

Се чини дека во моментов единствено нешто кое економски и оди во прилог на Македонија е токму работата на ТИРЗ-овите кои што ги создаде претходната Влада предводена од Никола Груевски.

– Во првите 11 месеци од годинава веќе имаме 26 проценти зголемен извоз во однос на истиот период минатата година. Вредноста на тој извоз е некаде околу милијарда и 340 милиони евра и тој има сериозно влијание на целокупниот извоз од Република Македонија. Тие се наш голем адут при привлекувањето странски инвеститори кога вршиме презентации и кога ги убедуваме. Тие тука гледаат дека навистина има исклучително поволни услови за правење бизнис. Тргнувајќи од тоа дека во моментов имаме четири оперативни зони значи целосно завршени каде што има и фабрики коишто работат и уште десет кои се во градба, а во некои од нив паралелно се гради и по некоја фабрика, се одлучивме уште три нови ТИРЗ да бидат започнати во текот на следната година, изјави Груевски во 2015-та година.

Во текот на 2006 година, со натамошна имплементација на стратегијата за брз економски развој промовирана од страна на Владата на Република Македонија, влезот на странски директни инвестиции беше поставен како врвен приоритет, со што Технолошко-индустриските развојни зони добија главна улога во забрзувањето на глобалниот економски прогрес на Република Македонија.

На 5-ти октомври 2006 година, беше поставен камен темелник на новата фабрика на Џонсон Контролс, како прв корисник на Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Проектот беше комплетиран и пуштен во употреба при крајот на 2007 година.

Тогашната опозиција и претседател на СДСМ, Зоран Заев жестоко ги критикуваа овие развојни зони посочувајќи дека државата премногу троши на истите, но по неколку години Македонија ги гледа бенефитите од овој мега проект на Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Повреден ловец е безбедно евакуиран и…

„Докторката, која е на лице место во…

„Повеќе зелено“: СДСМ во акција за пошумување…

„Повеќе зелено“ е новата акција за пошумување…

Тројца загинати во нелегална трка на автопат…

Три луѓе загинале кога автомобил што учествувал…

Мала излезеност на изборите во Србија до…

Утрово во 7 часот во Србија почнаа…