Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до крајот на неделава, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов изразен топол бран од југ, односно од Африка, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, освен во сабота на 22 август кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме проследено со појава на град и на силен ветер, особено на планинските места, најави Славчо Попоски.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат значително над просекот и ќе бидат многу високи, до екстремно високи и насекаде ќе надминуваат 33 степени. Во Повардарието, Скопската котлина, како и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминат 40 степени.
Пораст ќе бележат и ноќните температури, па така многу топло, мачно и спарно ќе биде и во ноќните часови, особено во Скопската котлина, Повардарието и во југоисточните предели од Македонија, каде се очекуваат тропски ноќи, односно температури ниту во текот на ноќта нема да се спуштаат под 20 степени.
Токму поради ова, метеорологот апелира до граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа создава историја без Трамп –…
Со овации по секоја искажана реченица кажани…
Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…
Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…
Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…
Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…