Македонија против црната јунска традиција – во цела деценија само три победи во 19 меча
После стартната победа за успешен почеток на новиот евроквалификациски циклус за пласман на ЕП 2024 во Германија во март со Малта (2-1), македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 часот) против Украина ги почнува вистинските предизвици во „групата на смртта“, но освен што против себе има исклучително квалитетна селекција, ќе игра и против една – црна јунска традиција.
Самиот факт дека пред Македонија е најскапиот Украинец, Михајло Мудрик вреден сто милиони евра кој зимава потпиша за Челси од украински Шахтер, па играчи како Јармоленко, Миколенко, Малиновски… е исклучително тежок предизвик, Македонија во јуни веќе цела деценија мака мачи за добри резултати зашто од 2013 година наваму имаме дури 13 порази во 19 меча и само – три победи.
Ако има период во годината кога Македонија најмогу се мачи, без оглед која генерација и кој селектор ја водел, тоа е дефинитивно јуни зашто ниту една важна победа во историјата не е запишана месецов, а во оваа деценија трите победи се ланските две со Гибралтар (2-0, 4-0) и една година претходно со Казахстан (4-0) во подготвителен меч за настапот на Еуро 2020.
Колку е проблематичен јуни, особено што после напорна сезона исцрпеноста е најголема, како физички, така и психолошки, најдобар податок се само двете победи во 11 пресметки на официјални мечеви, квалификациски, Лига на нации или Европско првенство и дури осум порази со едно реми.
Затоа пред оваа генерација и селекторот Благоја Милевски сега е силен предизвик против гигант како Украина со извонредна селекција да покажат дека овојпат јуни нема да биде така црн како во минатите години на резултатски план, зашто фудбалскиот впечаток е залуден без добар резултат. А, по овој денешен меч во Скопје, следниот предизвик е уште поголем, против актиелниот европски вицепрвак Англија.
СИТЕ ЈУНСКИ МЕЧЕВИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЛЕДНАВА ДЕЦЕНИЈА
2013 ГОДИНА
3 јуни (Малме) – Шведска 0-1 – пријателска
11 јуни (Осло) – Норвешка 0-2 – пријателска
2014 ГОДИНА
18 јуни (Шенјанг) – Кина 0-2 – пријателска
22 јуни (Жинан) – Кина 0-0 – пријателска
2015 ГОДИНА
14 јуни (Жилина) – Словачка 1-2 – квалификации Еуро 2016
2016 ГОДИНА
2 јуни (Скопје) – Иран 1-3 – пријателска
2017 ГОДИНА
5 јуни (Скопје) – Турција 0-0 – пријателска
11 јуни (Скопје) – Шпанија 1-2 – квалификации СП 2018
2018 ГОДИНА
без мечеви во јуни
2019 ГОДИНА
7 јуни (Скопје) – Полска 0-1 – квалиификации Еуро 2020
10 јуни (Скопје) – Австрија 1-4 – квалификации Еуро 2020
2020 ГОДИНА
без мечеви поради локдаунот за ковид-пандемијата
2021 ГОДИНА
1 јуни (Скопје) – Словенија 1-1 – пријателска пред Еуро 2020
4 јуни (Скопје) – Казахстан 4-0 – пријателска пред Еуро 2020
13 јуни (Букурешт) – Австрија 1-3 – Еуро 2020
17 јуни (Букурешт) – Украина 1-2 – Еуро 2020
21 јуни (Амстердам) – Холандија 0-3 – Еуро 2020
2022 ГОДИНА
2 јуни (Разград) – Бугарија 1-1 – Лига на нации
5 јуни (Гибралтар) – Гибралтар 2-0 – Лига на нации
9 јуни (Скопје) – Грузија 0-3 – Лига на нации
12 јуни (Скопје) – Гибралтар 4-0 – Лига на нации
ВКУПНО: 19 меча – 3 победи, 4 ремија, 13 порази
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…
При претрес во Битола, пронајдено е оружје…
Воз излета од шини во Франција: Повеќе…
Најмалку 44 лица се повредени, од кои…
Грција петкратно го зголемува данокот на имот…
Грчката влада има намера значително да го зголеми…
Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…
Најмалку 12 лица се повредени во масовен…
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…