Македонија се најде на 84-то место според корпуцијата во 2025 година
Индексот на перцепција на корупцијата (CPI) за 2025 година покажува дека корупцијата продолжува да претставува сериозна закана во повеќето земји низ светот. Извештајот предупредува дека слабеењето на механизмите за демократска контрола и притисоците врз независните медиуми и граѓанското општество ја намалуваат транспарентноста и отчетноста на владите, што го олеснува ширењето на корупцијата.
Индексот на перцепција за корупција (CPI) рангира 182 земји и територии според перцепираните нивоа на корупција во јавниот сектор на скала од 0 (високо корумпирана) до 100 (многу транспарентна). Глобалниот просек падна на 42 поени, при што повеќе од две третини од земјите имаат резултат под 50. Земјите во Источна Европа, Блискиот Исток и Африка се меѓу најлошите.
Македонија освои 40 поени на скала од 0 до 100, и се најде на 84-то место од 182 земји. Во 2024 година на оваа листа Македонија имаше ист број на поени (40), и беше на 88. место.
Транспаренси Интернешнл нагласува дека резултатот е поважен од самото рангирање, бидејќи рангирањето може да се промени и поради промените во бројот на вклучени земји, додека резултатите подобро го опишуваат нивото на перцепирана корупција.
Од земјите од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина е на 109-то место со 34 поени, што е полошо од минатата година. Србија е еден поен подолу, 33, на 116-то место, што е подобро од претходната година. Словенија е на 41-во место со 58 поени, што е полошо од претходната година.
Од соседите, Албанија e на 91. место со рангирање од 39 поени, или пад за разлика од минатата година. Бугарија има исто 40 поени како и Македонија. Грција бележи скок, и со 50 поени е на 56. позиција. Косово бележи пад, и има 46 поени, и се најде на 76-то место на оваа листа.
На првото место е Данска со 89 поени, додека втора е Финска со 88 поени. Меѓу првите 10 се и Сингапур, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Луксембург, Холандија и Германија.
На дното на листата се Јужен Судан, Сомалија, Венецуела, Јемен, Либија, Еритреја…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…
Во рамките на опсежната акција што се…
Гранати од Првата светска војна пронајдени при…
По пријава од физичко лице, екипа на…
Ќе удри утринската зора и за нас!…
Во земјава денеска се одбележуваат 154 години…
(Во живо) Пешевски: Генерален штрајк во приватен…
Секој ден ќе бидеме пред Влада додека…
Македонија има ББ- кредитен рејтинг според „Стандард…
„РС Македонија доби потврда за спроведувањето на…