Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосница
Македонија ја користи својата стратешка географска положба за да стане важна енергетска крстосница на Балканот. Како земја која се наоѓа во срцето на Балканот и на трасите на Коридорите 8 и 10, целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да ја поврзе Македонија со сите соседи и да ја интегрира во регионалните енергетски текови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ .
„Со интерконективниот далновод Битола–Елбасан, заедно со постојните електроенергетски врски со Бугарија, Србија, Косово и Грција, се создаваат услови за поголема сигурност, стабилен пренос на електрична енергија и целосна регионална поврзаност.
Паралелно, се реализираат и значајни проекти во гасната инфраструктура. Гасниот интерконектор со Грција е во завршна фаза, инвестиција од околу 60 милиони евра, со почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно и можност за зголемување до 3 милијарди кубни метри.
Овој двонасочен интерконектор отвора пристап до нови извори на природен гас, ја зголемува сигурноста на снабдувањето и создава поголема конкуренција на пазарот. Тоа значи стабилно снабдување за домаќинствата и индустријата и подобри услови за економски развој“, потенцираат во денешното соопштение.
„Следниот чекор е гасното поврзување со Србија. Со реализацијата на северниот интерконектор, Македонија ќе добие можност да стане транзитна земја за гасот што доаѓа од југ, вклучително и од терминалот во Александрополис, кон Централна Европа.
Ова е значајна геостратешка можност за Македонија и за целиот регион. Сигурната енергетска инфраструктура е предуслов и за нови инвестиции, особено во индустриите кои бараат големи количини стабилна и достапна енергија, како и за развојот на идните центри за податоци и технологиите поврзани со вештачката интелигенција.
Покрај овие проекти, Македонија ја унапредува и останатата енергетска инфраструктура преку ставање во функција на продуктоводот од Солунското пристаниште до ОКТА, рестартирањето на гасоводот Велес–Штип, развојот на делницата Гостивар–Кичево и продолжувањето на гасоводната мрежа од Тетово кон Косово.
Визијата е јасна, Македонија да престане да биде на крајот од енергетските мрежи и да стане нивен активен дел и значаен регионален центар.
Повеќе извори на енергија, поголема поврзаност, можности за транзит и сигурна инфраструктура значат подобри услови за инвестиции, поголема конкурентност и посилна економија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи Македонија да биде енергетски сигурна, инфраструктурно поврзана и препознаена како значајна енергетска крстосница во регионот“, нотираат во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
