Објавено на:

Македонија се сака и кога победува и кога губи: Полска им нанесе прв пораз на македонските одбојкари

t

Одбојкарската репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство на кое сме еден од домаќините. По победите над Данците и Црногорците, нашите одбојкари паднаа пред светскиот гигант Полска со убедливи 3-0 (25-12, 25-21, 25-14). Средбата која одново се одигра во одлична атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ беше вистинска ревија. „Спартанците“ уживаа во секој поен против великанот, а на моменти играа и рамноправно.

Во средбата се влезе израмнето, Полјаците беа во предност, а нашиот национален тим бркаше резултат. Првпат освен на стартот дојдовме до егал на 9-9, меѓутоа следеше голем пад во играта. Бргу фаворитот почна да се одлепува, прво врза серија поени и дојде на 14-11, а потоа успеа да врзе и девет во низа за убедливи 23-11. Сетот финишира со конечни 25-12.

На стартот на вториот сет Македонија успеа двапати да води со по поен, но и целосно резултатски да му парира на одбојкарскиот моќник. Иако Полска успеа да се одлепи на 10-5 по серијата од пет поени во низа, со добра игра предноста полека се стопи. Во завршницата дојдовме до целосен егал, па по 19-19, следеа и 20-20 и 21-21. Сепак, тогаш две грешки ги исфрлија нашите одбојкари од колосек и фаворитот со 25-21 го затворија сетот.

Израмнето се влезе и во третиот сегмент, пак двапати имавме минимално водство, но блокот и приемот на ривалот беа енигма за Македонија. Полека гостинот почна да гради предност, а иако еднаш се вративме од минус три до 9-9, следеше серија од 7-0 на ривалот за 16-9. Предноста кон крајот на сетот почна да расте, па фаворитот дојде до победата со двоцифрена разлика (25-14).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре исплата на средства за клиентите…

Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…

Клиника за детски болести: Обезбедена е современа…

Уште една добра вест од Клиниката за…

Криптопазарот изгуби 300 милијарди долари за еден…

Криптопазарот се соочува со нов бран на…

Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…

Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…