Македонија со значително подобрување на економскиот сентимент во 2024 година

t

Македонија е меѓу земјите кои во 2024 година бележат најголемо подобрување на економскиот сентимент, според најновите податоци на Европската комисија.

Индексот за економско расположение кој го одредува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања, покажува раст над просекот на земјите од Европската унија, што ја позиционира Македонија како пример за позитивен економски тренд во регионот.

Според најновите податоци, Македонија покажува значителен напредок во споредба со другите земји, со раст на индексот за економско расположение од 5.9. Ова ја позиционира земјата на високото место во групата на земји со најголемо подобрување на економскиот сентимент, веднаш зад Данска, Литванија и Португалија. Подобрениот економски сентимент е резултат на стабилизирањето на економските политики, забрзаната реализација на јавните инвестиции и зголемениот извоз.

Македонија, како една од ретките земји од регионот со ваков напредок, покажува дека преку стабилни и добро насочени економски мерки може да се оствари позитивен економски импакт и да се обезбеди долгорочна доверба во институциите и економскиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…