Македонија со катастрофален пораз ги заврши квалификациите за СП, ќе се чека бараж
Македонската репрезентација со убедлив пораз од Кардиф со 7-1 од Велс, го освои третото место во квалификациската група. И покрај тоа што беше потребно само реми во Кардиф, сепак, разиграните Велшани на крајот и го нанесоа еден од најубедливите порази на Македонија во историјата.
Велшаните во 18. минута од пенал преку Вилсон стигнаа до предност, а три минути подоцна Брукс се погрижи за 2-0. Сепак, Миовски веднаш врати и намали, оставајќи ја Македонија во игра за да го избегне поразот. Но, до крајот на полувремето прекрасен гол на Џонсон за 3-1 на полувреме.
Во вториот дел Велшаните уште толку додадоа гас, и дадоа уште четири голови. Џејмс во 57. минута по една одлична акција донесе 4-1, потоа Вилсон од слободен удар погоди за 5-1, па шести гол во мрежата на Димитриевски од пенал одново Вилсон за „хет-трик“.
Конечните 7-1 ги постави Бродхед по изведен корнер и невнимание во одбраната.
Македонија со тоа од четвртиот шешир ќе ја чека ждрепката за баражот за Мундијалот, благодарение на Лигата на Нации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска…
Лидерите на СНП, Plaid Cymru и Sinn…