Македонија стана дел од „Коалицијата на волните“: Дополнителна помош за Украина и заслиен притисок врз Русија!

t

Членките на Коалицијата на волните денеска се состанаа во Париз, каде што ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина, повикаа на итен прекин на огнот и најавија дополнително зајакнување на воената, финансиската и политичката помош за Киев. На состанокот учествуваше и Македонија, како една од земјите во рамки на Коалицијата.

Во заедничката декларација, учесниците наведуваат дека, поттикнати од резултатите од самитите на Г7 во Евијан и на НАТО во Анкара, остануваат цврсто обединети во поддршката на Украина во нејзината борба за слобода, суверенитет и територијален интегритет, оценувајќи дека украинската одбрана има клучно значење и за евроатлантската безбедност.

Потписниците им оддаваат признание на храброста и издржливоста на украинскиот народ, како и на неодамнешните успеси на украинските сили на фронтот. Истовремено, остро ги осудуваат масовните руски ракетни и беспилотни напади врз украинските градови, нагласувајќи дека тие предизвикуваат големи цивилни жртви и разурнувања.

Повик за итен прекин на огнот

Лидерите ја повторуваат определбата за воспоставување праведен и траен мир во Украина, во согласност со принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.

Во декларацијата се бара целосен и итен прекин на огнот, како и продолжување на директните мировни преговори меѓу Украина и Русија, со активно учество на САД и Европа.

Коалицијата нагласува неколку основни принципи:

  • нема мировен договор без целосно учество на Украина;
  • не може да се преговара за европската безбедност без учество на европските држави;
  • замрзнатите руски средства ќе останат блокирани сè додека Русија не ја прекине агресијата и не ја обештети Украина за штетите предизвикани од војната.

Дополнителна воена помош и засилен притисок врз Русија

Државите-членки најавуваат дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, преку воена, финансиска и цивилна помош.

Во декларацијата се наведува дека ќе се интензивира испораката на системи за противвоздушна одбрана, ракети-пресретнувачи и оружје со долг дострел.

Истовремено, учесниците ја поздравуваат одлуката за формирање Коалиција против балистички ракети, чија цел е развој на дополнителни капацитети за заштита од балистички закани, како и одлуката Украина да добие лиценци за домашно производство на ракети-пресретнувачи.

Коалицијата најавува и натамошно заострување на економскиот притисок врз Русија преку нови санкции и координирани активности за спречување на нивното заобиколување.

Посебен акцент е ставен на борбата против таканаречената „руска флота во сенка“, при што земјите најавуваат почести инспекции, пресретнувања и заедничка размена на разузнавачки информации за сузбивање на нелегалните активности на овие бродови.

Безбедносни гаранции за Украина

Во декларацијата се оценува дека способноста на Украина самостојно да се брани е од суштинско значење за идната безбедност на Европа.

Коалицијата ја поздравува и поддршката што американскиот претседател Доналд Трамп ја изразил за безбедносните гаранции за Украина за време на самитот на НАТО во Анкара.

Потписниците потврдуваат дека идниот мировен договор ќе мора да биде проследен со политички и правно обврзувачки безбедносни гаранции, кои ќе стапат во сила по воспоставувањето на веродостоен прекин на огнот.

Во документот се наведува дека овие гаранции ќе имаат исклучиво одбранбен карактер, со цел да се спречи нова руска агресија и да се обезбеди долгорочна стабилност во Европа, паралелно со континуирана воена поддршка за украинските вооружени сили.

Дополнително, Коалицијата ја поздравува подготвеноста на Мултинационалните сили за Украина (MNF-U), кои по воспоставувањето прекин на огнот, на барање на Украина, би биле подготвени да придонесат за обновување на украинските сили и за обезбедување сигурност на копно, во воздух и на море. Во наредните месеци ќе бидат организирани и воени вежби со цел демонстрирање на нивната оперативна подготвеност.

Листа на држави учеснички

Елисејската палата објави список на државни лидери и претставници на меѓународни институции кои ќе учествуваат на самитот на Коалицијата на волјата во Париз на 13 јули.

Поточно, покрај Зеленски, претседателите на Молдавија, Финска и Романија потврдија дека лично ќе присуствуваат на состанокот што го организира францускиот претседател Емануел Макрон. Премиерите на Албанија, Хрватска, Шпанија, Данска, Норвешка, Шведска, Грција, Луксембург, Полска, Велика Британија, Естонија, Белгија, Австрија, Германија, Чешка, Холандија, Словенија и Латвија, исто така, го потврдија своето учество. Се очекува да присуствуваат и претставници на други членови на коалицијата, вклучувајќи ги Северна Македонија, Италија, Турција, Португалија, Литванија, Словачка, Австралија, Исланд, Црна Гора, Јапонија, Нов Зеланд, Канада, Ирска и Кипар. Се очекува институциите на ЕУ и НАТО да бидат претставени од претседателите на Европскиот совет и Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…

Димитровски: И да го смениме Уставот поради…

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…

Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…

Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…

Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…

Во периодот јануари – март годинава во…