Македонија уште без министер: Собранието в понеделник треба да го избере новиот министер за здравство

t

Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство в понеделник на 9 јуни ќе се најдат пред пратениците.

Собранието ја закажа 54 седница за в понеделник во 11 часот, кога пратениците треба да расправаат за предложените имиња на овие функции.

Дневниот ред на закажаната собраниска седница / Фото: Принтскрин
За министер за здравство е предложен Азир Алиу, поранешен министер за информатичко општество и администрација, а за заменик-министер за за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Албрим Хоџа.

Азир Алиу е дел од Алијансата за Албанците, партија која останува во коалицијата ВЛЕН по оставката на досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари, на 15 мај оваа година и неговото заминување во опозиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…