Македонија ќе биде домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025

t

По иницијатива на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во 2025 година во Македонија ќе се одржи 14-от Mеѓународен форум за енергија за одржлив развој.

Иницијативата потекна од Министерката за енергетика, Сања Божиновска, која се обрати до UNECE (Економската комисија на Обединетите нации за Европа).

„Ова е огромна чест, но и одговорност за земјата и особено за Минстерството за енергетика, кое преку организација на ваков значаен форум земјата ќе се позиционира како регионален лидер во зелената транзиција, покажувајќи ја својата посветеност на меѓународна соработка и одржлив енергетски развој“, кажа Божиновска.

Одлуката беше донесена по завршувањето на 13-от форум којшто се одржа на почетокот на декември, во Бангкок, Тајланд, во организација на пет регионални комисии на Обединетите нации (ECA, ECE, ECLAC, ESCAP и ESCWA). Овогодинешната тема беше „Праведна енергетска транзиција“.
На Форумот ќе земат учество експерти од енергетскиот сектор, владини претставници, ентитети на ОН, меѓународни организации, бизнис заедницата и други засегнати страни кои ќе разговараат за главните прашања, презентирајќи активности за правична енергетска транзиција.

Mинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе го организира настанот со УНДП, а во координација со соодветните регионални агенции на Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…

(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…

Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…