Македонка со фустан со Сонцето од Кутлеш и „Јовано Јованке“ направи шоу на „Ѕвездите на Гранд“
Кандидатката од Македонија Андријана Петрушовска во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ успеа да се пласира во следниот круг од ова шоу.
Иако таа за време на дуелот освои помалку бодови од својата противкандидатка и се влезе во таканаречениот дел од емисијата „бараж“, уметничкиот директор на Гранд, Саша Поповиќ одлучи сите кандидати кои се пласираа во „бараж“ да бидат дел од полуфиналето на Гранд.
Андријана Петрушовска имаше впечатлив изглед, a ја изведе македонската изворна песна „Јовано Јованке“. Таа беше облечена во црвен кус фустан, на кој имаше наметка со старото знаме на државата.
„Горда сум што можам на македонски јазик и во македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за македонската традиција безвременските песни од кои при првиот такт заигрува македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!“, напиша Андријана на Инстаграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала…
Променливо облачно време со повремен дожд и…
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно…
Променливо облачно време, попладне дожд
Денеска не очекува променливо облачно време со…
(Видео) Магнетна бура ја погоди Земјата, предизвикувајќи…
Синоќа, Земјата беше погодена од втората магнетна…
(Видео) Редарите „ловеа“ и одземаа знамиња со…
Ракометната репрезентација на Македонија во последното коло на првата…