Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Бугарија во пријателски меч
Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Бугарија со конечни 91-87 во пријателскиот натпревар одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Избраниците на Жозеп Мариа Берокал одиграа далеку подобар меч од оној пред неколку дена во Бугарија.
Двете селекции одиграа прилично тврд и неизвесен меч.
На паузата резултатот гласеше 45-43, а потоа ривалот ја доби третата четвртина, но Македонија заигра подобро во последните десет минути.
На шеесетина секунди до крајот, нашите кошаркари имаа +4 (83-79), а на крајот триумфираа со конечен резултат 91-87.
Најдобри поединци кај Македонија беа Стјуарт Џуниор со 26 поени и Виктор Ефремовски, кој додаде уште дванаесет, додека во редовите на бугарската репрезентација, по 19 поени постигнаа Младенов и Алипиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…