Македонската партија во Албанија го честита 23 Октомври: Да се обединиме за заштита на македонската нација!

t

Честитка по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба упати единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

– Македонска алијанса за европска интеграција, по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор, упатува честитка до сите граѓани на Македонија и Македонците во целиот свет, стои во честитката.

Во честитката се додава дека на денешен ден 1893 година, во градот Солун, шестмина македонски визионери ја формираа Македонската револуционерна организација како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување на Македонија, поставувајќи ги темелите на македонскиот отпор и стремеж за слобода и создавање на своја држава.

– Наша должност е да им оддадеме почит на македонските револуционери за слобода и независност и да се обединиме за заштита на Македонската нација. Нека е вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, се наведува во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…