Македонска асоцијација на издавачи: Министерството за култура фаворизира издавачки куќи

t

Македонската асоцијација на издавачи и годинава го изрази своето незадоволство од резултатите од Годишниот конкурс за финансирање проекти од областа на литературата и издавачката дејност на Министерството за култура.

– Видлива е нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, со очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи, што е хроничен проблем со годишната програма, велат оттаму.

– Постои нееднаква распределба на средствата – одобрените суми многу варираат, а особено зачудува што преводната литература добива поголеми износи во однос на оригиналните дела. Со тоа се поставува прашањето дали повеќе се вреднува трудот на преведувачите отколку на авторите. Ние сметаме дека ако остане системот со бодување, авторските дела треба да носат повеќе бодови и да имаат апсолутна предност пред преводната литература. Просекот на одобрени средства оваа година е на страната на преводите – а тоа не смее да биде случај, велат од МАИ.

Поради ова тие наведуваат дека треба да се изготви референтен документ со суми по авторски табак (или страница, сеедно), кој би им овозможил на издавачите да направат точна пресметка и конечно да знаат колку Министерството плаќа за одреден проект.

– Помеѓу членките на МАИ видлива е сè подолготрајната и подлабока разочараност од немањето слух на Министерството за култура за најважните прашања, како што е јасниот систем на бодување со земени предвид сите важни критериуми. МАИ активно ги изложува своите ставови со цел да ја избегнеме замката за влегување во апатија и нереагирање на пропустите, нешто што ние како издавачи и претставници на културната јавност не смееме да си го дозволиме, заклучуваат од асоцијацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…