Македонска зелка со отровна хемикалија вратена од хрватската граница

t

Според Европската управа за безбедност на храната, во зелка од Македонија се откриени остатоци од пестицидот имидаклоприд. Пестицидот е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчук кој требало да заврши во хрватските продавници, пренесуваат медиумите од регионот. Хемикалијата била откриена кога зелката била на хрватската граница,

Комисијата на ЕУ ја забрани употребата на имидаклоприд на сите култури што се одгледуваат на отворено. „Постојат сè поголеми докази дека употребата на имидаклоприд има разурнувачки ефект врз биодиверзитетот, особено во реките, влијаејќи не само на раковите, и инсектите, туку и на организмите на почвата.


Со текот на времето, токсичноста е кумулативна

Биоакумулацијата на имидаклоприд е забележана во студии на животни по изложување во ниски дози. Научните студии, базирани на тестови на животни, заклучија дека имидаклоприд делува како репродуктивен токсикас и ендокрино нарушување што може негативно да влијае на срцето, бубрезите, тироидната жлезда и мозокот и може да предизвика невролошки симптоми, вклучително и респираторна инсуфициенција и смрт.

Токсичноста на имидаклоприд се зголемува со периодот на изложеност, како и со дозата, која е опишана како временска кумулативна токсичност, така што ова не треба да се разбере само од аспект на акутна смртност, туку треба да се земе предвид и хроничниот аспект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…

Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…

Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…

Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…

Летната потрошувачка на електрична енергија во Хрватска…

Потрошувачката на електрична енергија во Хрватска летово…

Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира…

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…