Македонскиот Алшар да привлекува туристи и студенти од Европа, Кина и целиот свет, предлага Проф. Лепиткова

t

Алшар треба да се заштити, да се уреди и да се промовира како туристичка дестинација, со можност да привлекува туристи и студенти од странство, смета професорката д-р Соња Лепиткова, која во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс ја посочи уникатноста на овој локалитет и неговиот потенцијал за научна и туристичка промоција.

Таа посочи дека Алшар е место со специфични минералошки карактеристики, меѓу кои и лорандитот, минерал кој бил предмет на големи научни истражувања, и дека токму таквите особености треба да се искористат за промоција на Македонија.

„Тој простор треба да го сочуваме, да го облагородиме и да го претставиме во светот, а уште повеќе да го заштитиме Алшар“, посочи Лепиткова, додавајќи дека локалитетот треба да се развива и како туристичка дестинација.

Во разговорот таа се осврна и на можноста за организирање посети од студенти од различни земји, особено од Европа, посочувајќи дека со поврзување со универзитети може да се привлечат голем број заинтересирани за научно изучување и запознавање со оваа специфична локација.

„Јас ви гарантирам дека тури на студенти од цел свет, посебно од Европа, да не зборувам и за Кина“, рече таа, посочувајќи дека Македонија има потенцијал да раскаже позитивна приказна и преку природните и минералошките богатства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно…

Бројот на невработените лица во третото тримесечје…

Цената на златото падна под 3.500 долари…

Цените на златото денеска  се стабилизираа, откако…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…

Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…