Македонскиот амбасадор во Загреб: Случајот со Денис Тот нема да се турка “под тепих”

t

Случајот со хрватскиот ракометар, Денис Тот кој почина откако беше нападнат пред дискотека во Скопје, нема да се турка под тепих, изјавил амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи за хрватски „Вечерњи лист“.

-Ќе се спроведе детална истрага. Директорот на КБЦ велеше дека нема траги на насилство, дека не е убиство. Дека бил реанимиран, но дека на крајот починал. Кога го донеле во болница, имал проблеми со срцето. Тој е предаден на обдукција, детално ќе кажат што се случило. Она што е сигурно е дека тој не бил под наркотици, немал туѓи материи во телото, во крвта, изјавил Фетаи пред обдукцијата.

Првичните информации за Тот беа дека бил нападнат пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, но потоа официјални лица од КАРИЛ изјавија дека Тот бил донесен без срцева акција и без видливи траги на насилствот.

Сепак по прегледувањето на камерите истрагата покажа дека смртта сепак била насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесени удари.

За нападот на Тот осомничени се три лица меѓу кои и една деветнаесетгодишна девојка, а првоосомничениот е во бегство.

-Од ударите сега починатиот паднал и со задниот дел од главата удрил во асфалт и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле со дејствија на удирање по главата, а потоа, без да му укажат помош, заминале од местото на настанот. Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што сега починатиот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“, соопштија од скопското обвинителство.

Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, лицето имало престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јордан го повлече својот амбасадор од Израел

Јордан го повлече својот амбасадор од Израел…

Украински амбасадор се извини за изјавата дека…

Украинскиот амбасадор во Казахстан и се извини…

Американскиот амбасадор ги искара бугарските политичари: Ја…

Политичарите во Бугарија ја користат руската пропаганда…

Зоран Попов го помина собранискиот филтер и…

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите…

Османи потврди: Има владина одлука за амбасадор…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи прашан…