Македонскиот весник „Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми на Албанија 

t

Македонскиот весник „Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.

– Алијансата ги штити своите членки од не фер притисоци и напади. Таа е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да промовира квалитетно известување во сите форми со цел да и покаже на јавноста дека членовите на Алијансата се сигурни извори на информации, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Додава дека „Илинден“ е првиот весник на македонското малцинство во Република Албанија, кој е дел од платформата на АЕМ, а воедно и првиот весник на националните малцинства во Република Албанија.

– Од мое и од име на целата редакција искажувам благодарност до Одборот на АЕМ што одлучи македонскиот весник „Илинден“ да биде нејзин член, додава Ѓурѓај.

Весникот „Илинден“, првпат излезе од печат во февруари 2011 година во Тирана. Весник е на македонското друштво „Илинден“ -Тирана и единствениот македонски весник во Република Албанија што излегува во печатена и електронска форма.

– Продуцира и објавува информации на македонски јазик, за Македонците во Албанија, Македонија, Балканот, Европа и светот, политички, економски, културни и спортски, како и интервјуа. Се стремиме да има стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективна презентација на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност во креирањето на вестите, посочува Ѓурѓај.

Во изминатите 11 години отпечатени се 53 изданија на весникот. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…