Македонскиот онколог соопшти фрапантни податоци: Млади луѓе на само 25 години заболуваат од овој вид на рак

t

Поразителни бројки на новозаболени од тешки форми на канцер. Последните податоци од 2022 година, (за 2023 сè уште не се објавени), покажуваат дека има околу 20 милиони нови случаи на рак на глобално ниво, а според Светската здравствена организација, повеќе од 35 милиони нови случаи се предвидуваат до 2050 година.

За онколозите овие податоци се запрепастувачки, особено што станува збор за голем број пациенти кои се далеку под границата на старост.

И Македонија, за жал, не е исклучок од овој негативен тренд. Во разговор за Фактор, клиничкиот онколог, д-р Милан Ристески, посочува дека во периодов по пандемијата на корона вирусот се соочуваме со експлозија на заболени од рак особено по прележување на болеста.

-Само во текот на минатата недела имав нови осум пациенти со канцер на панкреас, забрзано расте и бројката на новозаболени од рак на бели дробови, рак на дојка, на простата, рак тестиси. Станува збор луѓе во средни години, меѓу 50 и 60. Повозрасни се оние кај кои е дијагностициран ракот на простата, но загржува фактот што од рак на тестиси заболуваат млади луѓе, на нивни 25 години. Ова е навистина поразително, бидејќи бројките на заболени од рак се незапирливи особено по прележана корона. Студиите покажуваат дека кај пациентите кои имале појава некакви тумори, по прележување на болеста се јавуваат монструозни форми на таквите тумори. Инциденцата од година во година се зголемува, посочува д-р Ристески.

Тоа што посебно загрижува, како што појаснува д-р Ристески е што голем број од овие најтешки болести многу тешко се откриваат во раната фаза, бидејќи не постојат ниту конкретни симптоми за да иницираат луѓето да се јават на лекар.

– Повеќето туморски маркери немаат доволна специфичност и сензитивност за да користат како скриниг тестови за откривање на малигните заболувања. Поради фактот што кај голем дел од пациентите не се јавуваат какви било симптоми за малигно заболување, канцерот, односно болеста се открива кога е веќе во многу поодмината фаза. На пример, канцерот на панкреас не дава никакви симптоми пред болеста да влезе во четвртиот статдиум. Одредувањето на концентарацијата на туморските маркери е за прецизно следење на успехот на примената терапија. До денес се откриени над 100 различни туморски маркери, но во лабораториската пракса засега се користат околу дваесетина. Искрено се надевам дека за 10-тина години од сега ќе има многу попрецизни методи на откривање на малигните заболувања, вели д-р Ристески.

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето во одреден период од животот ќе развијат некакво малигно заболувања, а податоците покажуваат дека на прво место, односно главен фактор за тоа е генезата. Други добро познати ризик фактори за канцер се и: обезноста, лошата исхрана, хормонскиот дисбаланс, процесите на хронични воспаленија, но и животната средина. Според студија од 2017 година, објавена во списанието Cancer, државите кои имаат најлош квалитет на воздух, вода, почва и отсуство на урбано зеленило, имаат и поголема инциденца на канцер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој…

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се…

Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат…

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави…

ПАНИКА ВО АМЕРИКА.. Стејт департментот издаде итна…

Стејт департментот издаде итно предупредување до Американците…

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО!

Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни,…