Македонскиот пасош меѓу 40-те најсилни во светот: патување без виза во околу 130 дестинации

t

Македонскиот пасош и натаму се наоѓа на 38. место на светската ранг-листа на „Henley Passport Index“, со можност за безвизно патување или добивање виза при пристигнување во околу 130 дестинации.

Најголема слобода на движење македонските граѓани имаат во Европа, вклучително и во земјите од Шенген-зоната. Сепак, за патување во САД, Канада, Австралија и дел од азиските земји и понатаму е потребно претходно добивање виза.

Во споредба со останатите земји од регионот, Србија е позиционирана нешто повисоко, на 34. место, со пристап до околу 136 дестинации. Македонија и Црна Гора се на 38. место, со пристап до околу 128 до 130 дестинации. Босна и Херцеговина и Албанија се околу 43. место, додека Косово е на 61. место.

Значително подобро се рангирани пасошите на земјите од регионот кои се членки на Европската Унија. Бугарскиот пасош овозможува слободен влез во повеќе од 175 земји и се наоѓа меѓу 15-те најсилни пасоши во светот. Грчкиот пасош, пак, е меѓу петте најсилни.

На врвот на светската листа се азиските земји. Сингапур, Јапонија и Јужна Кореја се меѓу водечките, со можност нивните граѓани без виза да патуваат во повеќе од 190 земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…