Македонскиот пасош рангиран на 44 место во светот: Без виза може да патувате во 125 земји
Со македонски пасош може да се патува во 125 земји во светот без виза, па според тоа македонската патна исправа е рангирана на 44 место за 2023 година според светскиот индекс Henley Passport.
Соединетите Американски Држави се на седмото место на оваа листа со 186 земји на кои не им е потребна виза, Хрватска е 18. затоа што не им треба виза за 174 земји, додека Украина е на 36. место бидејќи 144 земји во светот не бараат виза за во нив да се патува со украински пасош.
Од земјите од регионот пред нас се наоѓа Србија чиј пасош е рангиран на 38. место, Црна Гора е веднаш после нас на 45. место, Албанија на 51. место додека Косово е далеку зад останатите земји од регионот на 101 место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…