Објавено на:

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе настапи во Истанбул по бодови за олимписка норма

t

Како што известуваат од неговиот тим, в недела (5 февруари) во Истанбул, Турција, ќе се бори најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски.

Нашиот натпреварувач ќе учествува на еден од најсилните светски турнири во олимписко таеквондо, Президент куп 2023.

Ова е важен турнир за обезбедување олимписка норма во една пеколна конкуренција од олимписки и светски медалисти.

Како што е веќе познато, Георгиевски има за цел да биде дел од следните Летни олимписки игри во Париз 2024 и атакува на златото.

Потсетување дека во декември минатата година Георгиевски освои бронзен медал на Светското таеквондо Гранд при финале во Ријад, Саудиска Арабија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ