Македонските граѓани во просек живеат пет години пократко од граѓаните во ЕУ
Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија тој е безмалку пет години покус и изнесува 76,6 години. Бројката на очекуваниот животен век доста варира меѓу земјите членки на ЕУ, па така највисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападниот регион во Бугарија – 73,9 години, покажуваат податоците на Еуростат.
Жените во ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија таа разлика изнесува 4,4 години. И овој јаз значително варира меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, а разликата е најмала во Холандија – 2,8 години.
Според Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) и 2021 година (80,1 години) поради пандемијата COVID-19, но оттогаш се опоравува и достигна вредности повисоки отколку во 2019 година (81,3 години).
За жените, во 2024 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 година, додека за мажите бил 78,9 години.
На регионално ниво, четири региони имаат очекуван животен век од 85 години или повеќе: шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, и италијанските региони Провинција Автонома ди Тренто и Провинција Автонома ди Болцано/Бозен и регионот на шведската престолнина Стокхолм, сите со 85,0 години.
Спротивно, меѓу 5-те региони на ЕУ со најнизок очекуван животен век при раѓање, 3 беа во Бугарија: Северозападен (73,9 години), Северен централен (74,9 години) и Североисточен (75,4 години). Другите се Мајоте во Франција (74,5 години) и Ешак-Маѓаросаг во Унгарија (75,1 години).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…