Македонските Евреи се дел од нашиот идентитет, рече Давкова и повика на организирани посети на Треблинка
Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која вечерва присуствуваше на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на полскиот град Освиенцим, близу Краков.
„Ниту едно зло не треба да се избрише, ниту едно зло не смее да се заборави“, изјави Давкова.
Претседателката потсети и на трагичната судбина на македонските Евреи, кои завршиле во логорот Треблинка и повика да се воспостави традиција на организирани посети на логорот.
„Тие се дел од нашиот идентитет и треба да воспоставиме традиција на посета на Треблинка за да им оддадеме почит, за почитта да стане дел од нешто што ќе го практикуваме и ќе потсетуваме велејќи дека не само што не веруваме дека такво нешто ќе се случи, туку ќе покажеме дека додека сме живи и оние по нас никогаш, никој не смее да дозволи такво нешто да се случи“, додаде Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…