Македонските здруженија и партии од Албанија со честитка до МПЦ-ОА и г.г Стефан по повод Велигден
Во пресрет на големиот празник, Христовото воскресение – Велигден, македонското друштво „Илинден”-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатија честитка до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.
-Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден” Вам, на вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскресението Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас, се вели во честитката од МД „Илинден” потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје, спокој и благосостојба.
– Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата, стои во честитката на МАЕИ.
Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богослужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил” во Пустец.
Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…
Владиката Петар повеќе не е дел од…
Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…
На најголемиот христијански празник – Велигден, во…
И затворениците во ,,Шутка” се кршеа со…
Големиот христијански празник Велигден денеска се прослави…
Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и…
Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…