Македонските кадети ја победија Португалија и ќе играат за 9. место на ЕП
Машката македонска кадетска ракометна репрезентација со победата над Португалија со 26:25 се избори и утре ќе игра во натпреварот за 9.место на Европското првенство во Белград. По трите порази во групата, македонските кадети во дуелите за пласман постигнаа четири победи против Италија, Турција, Фарски острови и Португалија.
Денешниот натпревар мина во знак на македонскиот тим, иако во завршницата постоеше опасност и да го загубиме дуелот. Во првиот дел резултатот беше двапати нерешен (5:5 и 8:8), а во финишот на првиот дел имаа предност од 13:8, по серијата 5-0.
Во вториот дел македонската репрезентација водеше и со 21:15, но Португалија успеа да стигне до изедначување од 25:25. Сепак, избраниците на селекторот Горан Кузманоски стигнаа до важната победа.
Утре во натпревар за 9.место противник ќе ни биде победникот од дуелот Австрија – Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Во Португалија протести поради трошоците за живот…
Неколку движења за правата на станарите и…