Македонските производи ги заменија српските производи во маркетите во Косово

t

Два и пол месеци по забраната за увоз на српски производи на Косово, на полиците во продавниците низ Косово има се повеќе производи од Македонија, кои ги заменија српските прехранбени производи, јавува Радио Слободна Европа.

Косовската влада го забрани увозот на производи од Србија од 15 јуни, откако српските сили уапсија тројца косовски полицајци. Полициските службеници беа пуштени да се бранат од слобода, но забраната за увоз остана на сила.

Косовската царина за Радио Слободна Европа потврди дека влезот на српските производи е значително намален.

Во некои продавници што ги посети Радио Слободна Европа оваа недела во Приштина, се забележува недостигит на српски производи.

Србија до забраната беше меѓу земјите со најголемо присуство на нејзини производи на Косово.

Од Косовската стопанска комора велат дека компаниите веќе ги замениле повеќето производи од Србија со производи од други земји.

Според претседателот на Стопанската комора на Косово Љуљзим Рафуна Македонија стана главна „дестинација“ за косовскиот бизнис пред се поради близината.

„На граѓаните им беа понудени производи со ист квалитет и немаше поскапување, иако производите беа увезени од друга земја“, вели Рафуна.

Во јули вредноста на стоката што од Македонија влегла во Косово надмина 30 милиони евра. Споредено со истиот период лани, тоа е за околу осум милиони евра повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…

Уште еден висок полициски функционер во Србија…

Шефот на Службата за борба против организиран…

Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…

Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…

Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…