Објавено на:

Македонските ракометари го прегазија Луксембург

t

Ракометната репрезентација на Македонија успешно ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година. И комбинирани „црвено-жолтите“ беа подобри од Луксембург (38-24) кој важи за аутсајдер во квалификациската група.

Прашањето околу победникот на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ниту еднаш не беше доведено под знак прашалник. Македонија доминираше од првата до последната минута и заслужено го освои полниот плен кој сигурно е дека ќе ја крене самодовербата пред патувањето за Турција. Во ростерот го немаше Дејан Манасков кој е повреден, но тој може да игра на втората квалификациска средба.

Бековите имаа добар старт на натпреварот против најслаборангираниот тим во групата. Талески и Ѓорѓиев беа главни играчи во шутерската линија, потмопогнати од Митревски кој забележа две одбрани, на Македонија ѝ донесоа 8-4 во средината на првото полувреме. Луксембург во следните десет минути не успеа да постигне гол и тоа го чинеше катастрофа.

И покрај сите ротации на Лазаров, Македонија играше одлично во одбраната, го принуди противникот да греши, тоа донесе лесни напади за Македонија кои беа реализирани преку Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски. На полувремето нашиот национален тим имаше предност од 18-7. Веќе беше јасен победникот по само 30 минути и Лазаров ги испроба сите играчи во вториот дел.

Деби-гол во дресот на Македонија постигна Марко Стојковиќ од РК Алкалоид, одличен меѓу стативите беше Марко Кизиќ кој ја доби шансата на местото на Никола Митревски и максимално ја искористи. Како што одминуваше мечот така се зголемуваше разликата. Највисоката предност која Македонија ја имаше беше 13 гола разлика. Пред финишот шанса доби и Иван Џонов кој исто така успеа да даде деби-гол, ама на минута пред крајот доби црвен картон поради остар старт.

Најдобри кај стрелците кај Македонија беа Мартин Серафимов, Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски со по пет постигнати гола, пред Игор Ѓорѓиев кој даде четири гола од четири обида. Кај Луксембург се истакнаа Вердел, Хофман и Вејер, сите тројца дадоа по четири гола. Кај голманите Никола Митревски фати седум топки во првиот дел, додека Марко Кизиќ имаше шест одбрани во вториот дел.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…