Македонските ракометари денеска ќе се соочат со Романија
Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026.
Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија.
Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах.
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија.
Во пресрет на средбите од третото коло во Б-групата, Данска е прва со четири бода, Португалија е втора со три бода и гол разлика +6, Македонија е трета со еден бод и -12, додека Романија е последна без освоен бод.
Во следната фаза ќе одат двете првопласирани, ни и третото место е од големо значење за добивање полесен противник во жрепката за Светското првенство 2027.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војдан Стојановски: Нашата цел е пласман во…
Капитенот на машката сениорска кошаркарска репрезентација на…
Европскиот парламент денес го гласа за извештајот…
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во…
Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо…
Македонскиот ракомет е во жалост по веста…
Данска и Германија ќе се борат за…
Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето…
Вучиќ тврди дека Србија останува на европскиот…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија…