Македонските ракометари денес ќе се соочат со Данска!
Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд.
Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска (првиот дуел беше во 2014 година).
Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и Романија.
Нашите ракометари во недела од 18 часот играат против Португалија, а во вторник во истиот термин противник ни е селекцијата на Романија.
Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските ракометари денес ќе се соочат со…
Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во…
Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…
На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско,…
Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…
На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…
Данска и Гренланд по состанокот во Вашингтон:…
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе…
Трамп побара од Данска да се повлече…
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска…