Данска и Гренланд по состанокот во Вашингтон: Островот не е на продажба

t

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека американско преземање на Гренланд е апсолутно непотребно, но призна дека не знае дали ќе се договорат со САД за островот. Тој и неговата гренландска колешка Вивијан Моцфелд се сретнаа со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во Вашингтон.

„Данска одржува најдолги дипломатски односи со САД од сите нивни сојузници и тоа може да биде совршена рамка за постигнување заемен договор. Сепак, постојат јасни несогласувања помеѓу Данска и САД околу Гренланд и разгледуваме дали има можности да се усогласиме со Трамп, почитувајќи ги црвените линии на Кралството Данска. Тоа е работата што ќе ја започнеме, а дали е изводливо, не знам. Јасно е дека Трамп сака да го освои Гренланд, но бевме многу, многу јасни дека тоа не е во интерес на Гренланд“, изјави Расмусен, пренесе BBC.

Гренланд и Данска велат дека островот не е на продажба и дека безбедносните грижи треба да се решат помеѓу сојузниците. Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен вчера ја отфрли можноста за присоединување кон САД, велејќи дека избираат да бидат дел од Данска.

„Гренланд мора да ја зајакне својата соработка со САД, но тоа не значи дека сакаме бидеме во сопственост на САД. Сакаме да ги вратиме нормалните односи што ги имавме порано“, изјави Моцфелд.

Расмусен додаде дека средбата со Венс и Рубио поминала во многу конструктивна атмосфера и дека е задоволен што имале можност да го предизвикаат наративот што Трамп му го претставува на светот.

„Данска во одреден обем ја дели загриженоста на Трамп за безбедноста на Арктикот, но не постои моментална закана од Кина и Русија со која Данска и Гренланд не можат да се справат. Во моментов нема кинеско присуство на Гренланд и тоа нема да биде случај ни за 10 или 20 години отсега“, кажа Расмусен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…