Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд: „НАТО, кажете ѝ на Данска веднаш да се губи оттаму!“
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд.
„НАТО, кажете ѝ на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки санки не се доволни! Само САД можат!!!“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Тој додаде и дека Данската разузнавачка служба (DDIS) минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот.
Трамп во објавата прикачи и текст од сајтот „JustTheNews“ во кој се наведува дека, додека данските лидери ја минимизираат заканата што ја претставуваат Русија и Кина за Гренланд, Данската одбранбена разузнавачка служба (DDIS) неодамна објавила проценка во која отворено предупредува на руските и кинеските воени амбиции за ширење на подрачјето околу Гренланд и Арктикот.
Изјавата на Трамп е објавена неколку часа пред планираниот состанок на американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, со министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд во Белата куќа, на кој би требало да се разговара за иднината на овој остров.
Гренланд е автономна територија во составот на Данска, но во последните месеци се најде во фокусот на вниманието на Трамп и американската администрација поради своето стратешко значење за Арктикот и безбедноста на САД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…