Македонските специјалци дел од меѓународната вежба ОРИОН 23

t

Специјалните сили од Македонија од вчера се дел од меѓународната вежба „ОРИОН 23“ во Грција што ќе трае до 5 мај.

Меѓународната вежба планирано е да се одржува во поширокиот копнен и поморски дел на регионите Атика и Виотиа, а од Генералштабот на грчката армија на Твитер објавија фотографии од денешната вежба на специјалните сили на Грција заедно со нивните колеги од земјите учеснички.

Покрај Македонија, учествуваат и специјални сили од Кипар, Австрија, Бугарија, Франција, САД, Црна Гора, Србија и домаќинот Грција, како и набљудувачи од Египет и Израел.

Вежбата „ОРИОН 23“ се одржува по шести пат и е паралелно и во склоп на Мултинационална воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ што исто така започна денеска.

Од Генералштабот на грчката армија (ГЕЕТА) соопштија дека за време на вежбата „ОРИОН 23“, што ја планира и спроведува Специјалната команда за војување на ГЕЕТА, избрано е сценарио кое предвидува формирање на Команда за специјални операции во која ќе има група за специјални копнени операции и група за поморски специјални операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…