Македонските ученици кои се во Турција чекаат евакуација
Групата од осуммина македонски државјани кои биле во турскиот регион погоден од разорниот земјотрес, се средношколци, ученици од Техничкото училиште во Гостивар, кои се од градот, од Тетово и од Маврово- Ростуше. Тие со ментор, преку програмата „Еразмус +“, престојувале во градот Кахраман Мараш, еден од најпогодените во денешната катастрофа.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи попладнево изјави дека осуммина наши државјани биле во областите каде се случи катастрофалниот земјотрес во Турција, од кои двајца се повредени.
-Денеска цел ден работевме на ова прашање, нашите претставници од Македонија контактираат со Амбасадата во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, така ги добивме информациите по однос на наши граѓани што се наоѓале на локациите каде што се случи земјотресот, стапија и во комуникација со нивните семејства. Според тие информации осум наши државјани биле на тие локации, од кои двајца се повредени, едниот со потешки повреди врз кој е направена хируршка интервенција, рече Османи, на прес-конференција по Конференцијата за антисемитизам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Двајца ученици со потекло од БиХ се…
Утрово во училиште во австрискиот град Грац…
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…
Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство
Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…