Македонските ученици кои се во Турција чекаат евакуација

t

Групата од осуммина македонски државјани кои биле во турскиот регион погоден од разорниот земјотрес, се средношколци, ученици од Техничкото училиште во Гостивар, кои се од градот, од Тетово и од Маврово- Ростуше. Тие со ментор, преку програмата „Еразмус +“, престојувале во градот Кахраман Мараш, еден од најпогодените во денешната катастрофа.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи попладнево изјави дека осуммина наши државјани биле во областите каде се случи катастрофалниот земјотрес во Турција, од кои двајца се повредени.

-Денеска цел ден работевме на ова прашање, нашите претставници од Македонија контактираат со Амбасадата во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, така ги добивме информациите по однос на наши граѓани што се наоѓале на локациите каде што се случи земјотресот, стапија и во комуникација со нивните семејства. Според тие информации осум наши државјани биле на тие локации, од кои двајца се повредени, едниот со потешки повреди врз кој е направена хируршка интервенција, рече Османи, на прес-конференција по Конференцијата за антисемитизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Масакр во западна Турција, непознато лице уби…

Турската полиција трага по маж кој денеска…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Малолетник натепан од мајка му и сестра…

Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…