“Македонски Бугарин” од Охрид: Бугарските клубви се регистрирани согласно закон, ако ви пречат имиња сменете го тоа на Тито

t

Антибугарската реторика се засили во Република Македонија во последните месеци. Овој пат згоден повод за ова се имињата на новоотворените културни клубови во Битола и Охрид, кои предизвикаа сериозен јавен и политички одзив. Беа организирани протести против активностите на овие здруженија, но и физички напади врз објектите во кои се сместени, се жали “македонски Бугарин” од Охрид во колумна за бугарската БГНЕС.

Последен фрапантен случај, како што вели Љубчо Куртелов, беше пукањето врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид. Во меѓувреме, пратениците едногласно донесоа закон со кој двете новоформирани здруженија се обврзуваат да ги променат имињата.

Во продолжение тој ги оправдува здруженијата:

– Неколку прашања со познат одговор

  1. Дали здруженијата Иван Михаилов и Цар Борис III се регистрирани според важечката законска регулатива? – ДА
  2. Дали направиле нешто незаконско во нивните минати активности? – НЕ
  3. Дали популарниот пејач и пироман во слободно време, Ламбе Алабакоски, ќе беше осуден на бедни 6 месеци условна казна доколку запали владина институција? – најверојатно не
  4. Дали е преземена правна постапка против (првиот) напаѓач на клубот Цар Борис III? И до каде стигнаа?
  5. Дали полицијата работи на разрешување на вториот и особено третиот напад (со оружје) врз истиот клуб? -Најверојатно нема да ги најде, во спротивно тие ќе бидат новите македонски „херои“, а тоа е спротивно на европските принципи што ние (декларативно) ги прокламираме.

ПП: За многумина во Македонија имињата на споменатите здруженија предизвикуваат разочарување, но ова е субјективно гледање на историските настани.

Исто како што на многумина во Македонија им пречат имињата на улици, училишта… на Ј.Б. Тито, истиот тој што во 1948 година ја затвори границата со Грција и се солидаризираше со монархофашистите, па нашите бегалци спасот го бараа преку Албанија во Полска, Чехословачка, Узбекистан, пишува Љубчо Куртелов .

ЛИНК од објавата на БГНЕС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…