Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

t

Косовската полиција вчера во Урошевац уапсила македонски државјанин по кого била распишана меѓународна потерница.

Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека 50-годишниот македонски државјанин, со иницијали Х.Ф., е уапсен во заедничка акција на ФАСТ со единицата за истрага на наркотици во Урошевац, јавува МИА.

-На 14.10.2024 година, во градот Урошевац, од страна на Управата за меѓународна полициска соработка на КП, поточно единицата ФАСТ, поддржана од одделението за истрага на наркотици во Урошевац, е извршена координирана полициска акција, при што е приведен граѓанинот од Северна Македонија со иницијали Х.Ф., (година на раѓање 1974), кој со меѓународна потерница од Република Северна Македонија е баран за издржување казна затвор во траење од шест години – се наведува во соопштението.

По завршување на постапките, со решение на Специјалното обвинителство, осомничениот е испратен во полициски притвор во траење од 48 часа, за да продолжи со другите законски постапки, информираат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…