Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија

t

Камионот се судрил со патничко моторно возило, при што повредени се две лица кои биле автомобилот.

– На патниот правец Либражд-Елбасан, на местото викано „Мостот на Мураш“ товарно возило управувано од Г.Т. државјанин на Македонија, се судрило со автомобил управуван од државјанинот А.Т. жител на Поградец. Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.Т. и сопатничката во возилото што го управувал овој граѓанин, кои се препратени во болница за укажување лекарска помош, стои во полициското соопштение.

Се спроведуваат натамошни процесни дејствија кај државјанинот Г. Т.

Истражната екипа на местото на настанот работи на расветлување на околностите на несреќата, но според првичните информации причина е ” непрописно претекнување од страна на возачот на автомобилот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…

Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…