Македонски државјанин фатен на Косово со фалсификувани 96.000 долари
Косовската полиција уапсила македонски државјанин кој со себе имал фалсификувани 96.000 американски долари. Како што информираат од косовската Управа за истраги за економски криминал и корупција, поточно Секторот за истрага на економски криминал, на 29.03.2024 година во вечерните часови во соработка со други безбедносни институции, успешно го реализирале Оперативниот план за спречување на влез во Република Косово на фалсификувани пари.
-Осомничениот македонски државјанин И. Д. (1970 година) е фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа, порачаа косовските власти.
Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 долари, возило што го користел осомничениот во случајот и мобилен телефон.
-Сите истражни дејствија се преземаат во координација со обвинител од Специјалното обвинителство на Косово. Со осомничениот е извршен разговор во присуство на бранител определен по службена должност, соопштија од косовското МВР.
Со решение на обвинител, осомничениот е во притвор во траење од 48 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…