Објавено на:

Македонски државјани уапсени во Црна Гора поради кражба на паричник

t

Во полицијата во Никшиќ едно лице пријавило дека три непознати лица од трговски објект во Богетиќи украле паричник со пари и со возило се оддалечиле од местото на настанот.

Во соопштението се наведува дека полицијата во Никшиќ вчера во местото Папрати запрела „ауди“ со тројца државјани на Македонија чии иницијали се А.А. (26), А.О. (41) и Ж.Д. (47), кои биле донесени во службените простории на полицијата.

Полицијата преку кривична истрага дошла до сомнение дека А.А. го украл паричникот, додека А.О. и Ж.Д. ги примиле и задржале дел од парите.

А.А. е осомничен за кривично дело кражба, додека А.О. и Ж.Д. се товарат за кривично дело прикривање и сите три лица се приведени, се наведува во соопштението на црногорската полиција.

Полицијата набедува дека најголем дел од украдените пари се пронајдени и вратени, а возилото со кое е извршено кривичното дело е одземено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…

Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…

Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…

Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…

Во пожар кој избувнал вчера во селото…

Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…