Македонски економист меѓу светската елита: Филип Јолевски на 4-то место по прегледи на научни трудови

t

Филип Јолевски, македонски економист кој работи во Светската банка, годинава е рангиран на 4-то место во светот според бројот на прегледи на неговите научни трудови во областа на економија, според методологијата на SSRN, водечка глобална платформа за споделување академски истражувања.

Јолевски се прослави со истражувања за влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и анализата на неформалната економија. Неговите трудови беа цитирани и од респектирани економисти, меѓу кои и заменик-претседателот на Федералните резерви на САД, Филип Џеферсон.

Покрај тоа, Филип Јолевски годинава стана и сколар во реномираниот Меркатус Центар при Џорџ Мејсон Универзитетот во Арлингтон, САД, што дополнително ја потврдува неговата меѓународна репутација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгоре куќа во Валандовско, во една од…

Пожар вчера избувнал во куќа во валандовското…

Македонија произведува повеќе со помалку земјоделско земјиште…

Во изминатите десет години земјоделските површини во…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…

Ја следел поранешната партнерка, најден и уред…

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен…

Истрага за криумчарење цигари и лекови –…

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење…