Македонски концепт: МНР и ЕУ да реагираат на изјавата на Јотова во која ги сместува Македонците во т.н “бугарска нација”

t

Политичката партија Македонски Концепт, јавно реагира и искажува незадоволство поради несоодветните изјави на бугарската шовинистка Јотова, која во моментов извршува функција потпретседател на Бугарија. Тоа е доказ дека бугарскиот шовинизам насочен против Македонија и Македонците е државна политика на Бугарија, а не инцидентна пројава на одделни бугарски политичари.

Последната изјава на госпоѓата Јотова, дадена во центарот на Скопје, во која македонските граѓани ги прогласува за дел од т.н. „бугарска нација“ е нарачана провокација за продолжување на тензиите помеѓу двете земји и за минирање на напорите на ЕУ за проширување во западен Балкан. Исто така, тоа е мешање во внатрешните работи на земја – кандидат за членство во ЕУ, што е тотално неприфатливо однесување, особено за земја членка на Унијата.

Бараме ЕУ да реагира на ваквите провокации, да побара од Бугарија напуштање на политиките од 19-ти век, да се огради од ваквите бугарски ставови дадени под европско знаме, ако сака каква било почит кај Македонците.

Исто така бараме од сите разумни Македонци со бугарско убедување, да се оградат и јасно и недвосмислено да се изјаснат како дел од современата македонска нација и да дадат поддршка на новиот граѓански Устав, како дел од планот за Македонија од 22-ри век.

Македонската влада, особено МНР и Османи да побараат извинување од Јотова, објаснување од бугарското МНР и понатамошно воздржување на бугарските официјални претставници од било какви провокации од ваков тип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…