Македонски полицајци ќе патролираат низ Црна Гора за време на туристичката сезона

t

Во текот на летната туристичка сезона, во Црна Гора ќе бидат ангажирани 57 странски полицајци од седум земји од регионот и пошироко за помош на Регионалниот безбедносен центар Југ, соопшти Управата на полицијата.

Од полициската управа за Агенцијата МИНА велат дека во рамки на проектот „Безбедна туристичка сезона 2024“ продолжила повеќегодишната соработка со меѓународните партнерски служби и во текот на летната туристичка сезона.

„Врз основа на меѓународни билатерални договори за размена на полициски службеници, кои полициската управа ги склучи со партнерски служби од Албанија, Хрватска, Италија, Косово, Романија, Македонија и Србија, континуирано се спроведуваат активности со цел одржување и подобрување безбедносната средина во крајбрежните општини“, соопшти полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…