Македонски пошти од утре со предупредувачки прекини на работата: Ако не земат плата се закануваат со протест

t

Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, дознава “Курир”.

Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.

Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија.

Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври се со цел вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата.

Законската обврска инаку за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.

Според изворот на “Курир” досега се обезбедени само 15 милиони денари, а недостасуваат 50 милиони за да се обезбеди плата за над 2.000 вработени низ целата земја.

Раководството на пошта се надева дека Владата ќе им излезе во пресрет за да се обезбедат овие 50 милиони денари, во спротивно плата нема да има ниту во наредниот период, а протестот ќе биде неизбежен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…