Објавено на:

Македонски светилници: Кои се и што претставуваат солунските атентатори?

t

Македонски светилници(3.1)

Кои се и што претставуваат солунските атентатори?

Тоа беа млади момчиња, тукушто завршени ученици на Солунската гимназија или рани студенти, со своите први љубовни јадежи, со своите неотсонувани соништа, со грижите за Македонија и надежите за иднината на Македонскиот народ. Сите тие: Јордан Поп Јорданов-Орце, Коста Кирков, Димитар Мечев, Тодор Органџиев, Илија Тричков, Тодор Богданов, Ѓорги Богданов, Владимир Пингов, Илија Поп Јорданов и Милан Арсов од Велес, како и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Димитар Коштанов и др. Сите биле на возраст од 18, 19, 20, до 22 години. Нешто постари биле Д. Мечев, Д. Коштанов и М. Бошнаков, кои веќе биле членови на ТМОРО.
Еден од неколкуте преживеани Гемиџии, Павел Шатев, многу конкретно ќе ги долови нивните личности и профили на млади луѓе – револуционери, анархисти и спремни да ги положат животите за својата татковина – Македонија. Нешто слично ќе направи и Тодор Органџиев.
Сите овие млади синови на Македонија, најмногу ја сакале својата напатена татковина, за која биле подготвени да ја жртвуваат и младоста која штотуку се распролетувала пред нив. Што ги натерало на тоа? Турскиот политички, социјален и економски гнет? Духовната потчинетост од антимакедонските пропаганди (бугарска, грчка, српска)? Или пак незаинтерисираноста на европските сили за македонското прашање и нивната неодлучност истото да го решат, еднаш за секогаш?
Да забележиме дека Орце раснел во семејство кое крварело за Македонија. Негов постар брат бил Миле Поп Јорданов, револуционер и војвода, кој загинал за слобода на народот и за независна Македонија. Кирков бил револуционер кој ги впивал одзивите од Француската револуција, и од нив учел како на црнилата да им се стави крај. Мечев, бил сиромашно сираче, на кое од млади години корката леб му била тврдата учителка. Павел Шатев раснел со патилата на својот народ и ги гледал неправедностите на секоја педа од Македонија. Милан Арсов пак чезнеел за слободна таковина и поубава младост. Сите тие, но и останатите нивни другари биле безни, полни со чемер и лути на Европа и на светот, што така бездушно гледаат како еден напатен народ и една потчинета земја патат и тонат во сиромаштија и ропство. И што е најбитно сакале на тој безочен свет да му го свртат вниманието кон маките, болката и мизерните услови за живот на својот народ.
Едноставно тие размислувале дека таа и таква Европа (“Вавилонска ороспија“) не може да се пробуди со молчење или молење, т.е. коленичење. Се увериле дека неа не ја трогнуваат солзите на напатениот и угнетуваниот народ во Македонија. Тие ја виделе и ја почувствувале сета беда на дипломатските, на финансиските и на државните кругови во Солун и пошироко. Се увериле дека никој не сака вистински да му помогне на сиромашниот, на потиснатиот, на онправданиот, на поробениот. Затоа – поради анемичната и заспана Европа – но и поради родољубиви причини, овие млади момчиња се одлучуваат на радикално дејатвување, преку драматични динамиташки акции. Биле подготвени и за нешто многу повозвишено – да ги жртвуваат своите млади животи, за да го привлечат вниманието на европските сили, да ја пробудат нивната совест, со една, единствена цел – да помогнат во ослободувањето на македонскиот народ од политичкиот, социјалниот и духовниот гнет.
Така, ќе се наречат Гемиџии, својот живот ќе го поистоветат со гемија која плови по бурното море, која може да излезе на брегот или пак да се разбие од подводните карпи. Се случилот второто и сите до еден влегле во легендите и историјата. Верувале дека светот ќе се пробуди со тресок, со удар на капиталот на европските корпорации. Сакале преку лична трагедија, поштедувајќи туѓи животи, да ја покажат силата на Македонија. Сакале да удрат на совеста на големите сили и да им кажат дека македонскиот народ не е веќе паричка за поткусурување. Ќе запалт брод, неколку кафеани, еден ан, во воздух ќе дигнат еден хотел, банка и пошта… Со овие солунски грмежи и опожареното небо ќе го потресат турскиот режим и ќе пукаат во совеста на заслепената Европа. Беа убедени дека тоа му го должат на потиснатиот и измачен македонски народ.
Нивното саможртвување беше и остана херојско. Генерациите Македонци ги паметат како неповторлив пример за свесна саможртва.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…