Македонски спортски успех: Два бронзени медали за македонските сноубордери на меѓународен натпревар

t

Во тешки временски услови, македонските сноубордери освоија два бронзени медали на меѓународниот ФИС натпревар што се одржа во Босна и Херцеговина. Иван Георгиев освои бронзен медал во категоријата „Slopestyle“, а Марко Петровски го освои вториот бронзен медал во истата дисциплина, во ФИС сениорската категорија.

Македонските спортисти кои се дел од Скијачката федерација на Македонија, учествуваа на четири ФИС натпревари што се одржаа во скијачкиот олимписки центар на Бјелашница во Босна и Херцеговина, каде има солидни услови за фристајл. На натпреварот одличен настап имаа и Неда Добреска и Бојан Скендеровски, кои освоија значајни ФИС поени.

„Навистина сум горд на постигнатите резултати, бидејќи спортистите покажаа силна концентрација и ментална подготовка и покрај тешките временски услови успеаја да постигната значајни резултати. Ние продолжуваме да работиме посветено и во континуитет да ги подобруваме перформансите на нашите спортисти, бидејќи нашите цели и планови се насочени кон постигнување на уште подобри резултати“, истакна Кирил Насков, тренер во Скијачката федерација на Македонија.
Од почетокот на 2022 година за македонските сноубордери на меѓународните ФИС натпревари освоија два златни, еден сребрен и шест бронзени медали.

Спортистите кои беа дел од овие ФИС натпревари се членови на сноуборд клубот Полар. Клубот работи на спортска едукација на деца и младинци од 1996 година. Со своите активности клубот Полар дава голем придонес во развојот на зимските спортови, особено насноубордингот. Од основањето до денеска во клубот членувале и биле дел од неговите активности над 4.500 деца и младинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта на…

Годинава се реконструирани спортските игралишта на средните…

Македонските вина од сортата вранец со најмногу…

На првиот меѓународен натпревар „ВРАНЕЦ СЕЛЕКЦИЈА” посветен…

Со купена ски карта во Маврово ќе…

Со купена ски карта во Ресорт Маврово…

Вучиќ отвори ултра модерен стадион во Заечар,…

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, за време на…

Можат ли „рисовите“ уште еднаш да ја…

Фудбалската репрезентација на Македонија ѝ гостува на Италија во претпоследното коло…