Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува олимпијадата по роботика во Јужна Кореја

t

Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна Кореја, го започнува настапот на FIRST Global Challenge – една од најголемите светски олимпијади по роботика, која се одржува од 7 до 10 октомври.

Годинашното издание е посветено на еден од најголемите глобални предизвици – дивите пожари. Учесниците преку роботика треба симболично да решаваат задачи поврзани со гасење пожари, спасување ресурси и справување со последиците од природни катастрофи.

Македонскиот тим конструираше робот кој ќе извршува повеќе мисии на натпреварувачкиот терен, а нашите претставници ќе се натпреваруваат со млади од над 190 земји.

FIRST Global Challenge има цел да ја поттикне меѓународната соработка преку науката и технологијата, при што младите заеднички работат на решенија за реални глобални проблеми.

Македонскиот национален тим учествува на натпреварот од 2019 година. Во 2022 година освои бронзен медал во конкуренција од над 190 држави, а минатата година на олимпијадата во Панама доби две меѓународни признанија.

Годинава Македонија ја претставуваат седум средношколци и двајца ментори. Ментори се Јаков Спировски и Давид Маневски, а во тимот се Марко Јанкулоски од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Димитриј Митковски од СУГС „Георги Димитров“, Бодан Николов од ПСУ QSI, Марија Стојчевска од СУГС „Орце Николов“, Филип Милковски од СУГС „Владо Тасевски“, Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“ и Тимотеј Николовски од СЕТУГС „Михајло Пупин“.

Тимот ќе ја претставува Македонија на светската сцена, со амбиција уште еднаш да покаже дека младите македонски иноватори можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Уапсен е тетовец – нападна две деца…

Жител на тетовското село Требош (51) бил…

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…