Македонското МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Додик
Владата на Ковачевски која има полна уста прозападна реторика дозволила фирма од црната листа на САД да добие милионски тендер и тоа не било каде, туку во Министерството за внатрешни работи, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата бара од Ковачевски, Османи и Спасовски треба да кажат како поделиле тендери на фирми на Милорад Додик и каков бизнис интерес има некој од тоа?
„Додека власта ги обвинува граѓаните за проруско расположение контроверзна компанија добила три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР. Меѓу другото оваа компанија добила тендер за набавка на 1.500 компјутери. И власта во ова не гледа ништо спорно исто како што не гледаше спорно и во бизнисот кој го имаа со прорускиот бизнисмен Дака Давидовиќ. Ете ова е лицемерието на заевизмот кое Ковачевски само го продолжува. Ги обвинуваат граѓаните, ја обвинуваат опозицијата, а тие на големо тераат милионски бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Страшна несреќа во Босна: Две девојки загинаа,…
Две девојки од Сараево на возраст од…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…